Што е хонорарец?

Хонорарците се ангажирани на работи кои се повремени со одреден приход и одредено времетраење. Односно, тие се ангажирани за одредена услуга и, откако ќе се направи тоа, врската завршува. 

 Од хонорарците не се бара да се регистрираат за RETA (Режим за самовработени работници), но да во IAE (Даноци на економски активности). Зошто? Па, затоа што ако вашата работа не ја достигне минималната меѓупрофесионална плата, не мора да одите преку социјално осигурување. Се разбира, штом ќе пристигнете, задолжително е барањето ако не сакате Хациендата да затропа на вашата врата.

Хонорарецот добива однапред договорен хонорар,а не плата. Тој хонорар може да биде исплаќан на дневна база или да се исплати во целост по завршувањето на договорената хонорарна работа.

Хонорарната работа, не е нешто што се чува во одреден тип на работа. Во реалноста, има се повеќе сектори во кои преовладува овој тип на кадри. Сепак, вистина е дека Секторите за програмирање, графички дизајн, веб дизајн, превод, Менаџер на заедницата, фотографија, приватни часови, организација на настани, маркетинг содржина… се таму каде што се најконцентрирани. И покрај тоа, има многу повеќе.

Хонорарна работа може да се вклучи скоро во секој сектор како на пример: градежништво, угостителство, земјоделство, убавина и здравје, домување… Хонорарците се повеќе се актуелни во светот, а стануваат и кај нас. Вработените родители имаат се поголема потреба од чување на своите деца, нарочито во летниот период кога децата се на распуст. Затоа бебиситерките се доста актуелни во областа на хонорарната работа. Старите лица кои заради емиграцијата на своите деца и внуци се оставени сами на себе имаат се поголема потреба од помош која најчесто ја добиваат преку ангажирање на луѓе кои ги плаќаат за да му завршат некоја работа како на пример да му испазарат, да му ги наредат исцепените дрва, па дури си плаќаат и друштво односно некој да му чита или едноставно да му прави друштво.

Иако кај нас постои мислење дека човек што се занимава исклучиво со хонорарна работа е мрзлив човек и некој што не сака постојана работа, односно личност која не сака долгорочни обврски и временско врзување на едно место, сепак реалноста зборува поинаку. Ако некој човек има финансиски способности да си плаќа сам здравствено и пензиско осигурување, тогаш слободно може да се посвети на хонорарна работа како главна преокупација. Човек кој шири позитивна енергија со самата своја појава тој човек слободно може да се ангажира за креативни работи, за чување деца, правење друштво на постари личности па дури и за аниматор на забави. Исто така човек од тој профил кој знае да работи повеќе работи може да биде ангажиран и во хонорарни работи од повеќе сектори.

Хонорарци можат да се ангажираат и за дополнителна грижа на домашни миленици како на пример носење на ветеринар, на фризер или прошетка. Има еден куп начини и идеи како некој може да започне свој “бизнис” како хонорарец. Се што треба да направи и да си објави оглас на социјалните медиуми дека бара работа како хонорарец и да дај опис каде се може да се вклучи. Може да биде хонорарец од стандард професија како на пример: келнер, шанкер, бебиситер, помошник кувар, фризер… Но, може и да си измисли услуги кои може да ги понуди и за кои луѓето сеуште не се свесни дека може да ангажираат хонорарец како на пример:

  • Прием на гости на приватна забава – доколку организаторот на некоја приватна забава не сака лично да ги пречекува гостите, тогаш може да си ангажира хонорарец кој во негово име ќе ги пречекува гостите на врата.
  • Носење на дете на активности – доколку родителот се задржал на работа и не може да стигне своето дете да го префрли до училиштето/институцијата каде посетува некоја дополнителна активност тогаш може да се јави кај некој хонорарец кој за мала надохнада ќе го однеси и врати детето безбедно дома.
  • Прошетка на стари лица – доколку некоја постара личност ги обожава прошетките, но не се чувствува добро за да излезе сама тогаш може да повика хонорарец како придружник и да си ја оствари целта за што ќе плати мала парична сума.
  • Внесување податоци во некој проект – доколку некој има обемен проект кој треба на време да го заврши, а притоа касни со внесување на податоците во системот може да ангажира хонорарец кој брзо и ефикасно ќе му помогне во завршувањето на проектот, а за тоа ќе си добие хонорарецот одредена сума на пари која ќе ја договори однапред.
  • Помош во приватна кујна – доколку некое семeјство подготвува поголема количина на домашна храна може да повика помош од платен пријател односно хонорарец кој ќе помогне во работата и притоа ќе си заработи нешто плус.

Ова се само неколку идеи на кои се сетив додека ви го пишувам блогов. Постојат многу повеќе работи каде што може да се вклучите како хонорарци. Затоа мој совет до сите вас кои моментално размислувате како да дојдете до некој денар плус изгуглајте на Pinterest, Google и на други слични интернет страни и видете во која сфера може да се пронајдете како хонорарец. Активирајте се на полето хонорарна работа бидејќи како хонорарец нема што да изгубите. Како хонорарец може да добиете многу како на пример исполнување на вишокот време со работа, зголемување на волуменот на вашиот паричник како и запознавање на нови луѓе и места.